Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Барак Обама, денеска се сретнаа на маргините на самитот на АПЕК во Пекинг.

Како што јавуваат руските медиуми, темата на средбата, која траела помалку од пет минути, засега не е позната, но се претпоставува дека претседателите размениле ставови за украинската криза.

Путин и Обама се сретнале во олимпискиот комплекс „Водена коцка“, а според извештаите од местото на средбата, американскиот претседател прв пришол за да се поздрави додека чекале за групното фотографирање на учесниците на самитот.