fbpx

Пуштена површинската фонтана на плоштадот Македонија

-

Деновиве и официјално во употреба е пуштена новата, површинска фонтана на плоштадот Македонија, во Скопје, соопштија денеска од Град Скопје.

„Станува збор за површинска, таканаречена сува фонтана (џампинг џет), на просторот меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и влезот на Камениот мост. Фонтаната има правоаголна форма, со димензии 20 на 10 метри и вкопано армирано бетонско корито. Површината врз армираното бетонско корито е изработена од светлосиви гранитни плочи со димензии 60 на 60 сантиметри и со дебелина од 10 сантиметри. На плочите од фонтаната поставени се ЛЕД-светилки со отвори за вградување млазник. Фонтаната ја сочинуваат 128 млазници со 128 светилки“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...