Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Две полицајки минувале покрај Ерсте Банка, кога случаен минувач ги предупредил дека нешто се случува во банката. Откако го запреле полициското возило, разбојникот излегол држејќи вработен во обезбедувањето на банката како жив штит и побегнал зад аголот од банката

-

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми.

Според првичните информации, две полицајки минувале покрај Ерсте Банка, кога случаен минувач ги предупредил дека нешто се случува во банката. Откако го запреле полициското возило, разбојникот излегол држејќи вработен во обезбедувањето на банката како жив штит и побегнал зад аголот од банката.

Полицијата се обидела да го предупреди пукајќи во воздух, но разбојникот ги игнорирал предупредувањата.

Како што пишуваат медиумите, обезбедувањето успеало да се оттргне и да и да побегне, а разбојникот почнал да пука во полицајките, по што бил убиен во престрелката.

По случајот, хрватската полиција излезе со кусо соопштение во кое се наведува дека до пукањето дошло во моментот кога насилникот излегувал од банката и забележал две полицајки и потврди дека мажот е убиен.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...