Пукал со пиштол, се сликал за на Фејсбук, па го привеле

Г.П. бил задржан во полициска станица и во координација со Основното јавно обвинителство Штип, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „предизвикување на општа опасност“, велат во МВР

-

Дваесет и две годишен жител на Карбинци бил приведен откако био пријавено дека се фотографирал со пиштол во рацете, а потоа сликата  ја објавил на социјална мрежа, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Вчера во Штип, полициски службеници во координација со одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Г.П.(22) од с.Козјак, општина Карбинци, постапувајќи по претходна пријава дека на социјална мрежа биле објавени фотографии на кои едно лице, во урбана средина, држел пиштол во рацете“, информира МВР.

Лицето било пронајдено и приведено, а по извршениот увид биле пронајдени и чаури на местото каде што се фотографирал.

„Во врска со настанот од М.Т.(27) од Штип бил одземен пиштол „Зораки“, кој по наредба на јавен обвинител бил даден на вештачење. Г.П. бил задржан во полициска станица и во координација со Основното јавно обвинителство Штип, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „предизвикување на општа опасност“, велат во МВР.

Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на својата страница на Фејсбук денеска објави дека нов сопственик на клубот со 85 отсто од акциите на клубот, е Атила Бижен Жалили. Тие го пренесуваат...