fbpx

Пујол ја напушти Барселона

-

Карлес Пујол поднесе оставка на функцијата помошник-оперативец во фудбалскиот клуб Барселона, со што му се придружи на Андони Зубизарета, кој ја напушти функцијата спортски директор на клубот.

– Сакам да соопштам дека решив да ставам крај на мојата поврзаност со Барселона. Во овие три и пол месеци видов како работи клубот од една друга страна. Научив доста и затоа сум многу благодарен. Сакам да напредувам во наредниот период во тоа што го работам и се надевам дека еден ден ќе можам да се вратам во Барселона и да се оддолжам за сето она што ми го понуди клубот овие незаборавни години. Ќе ми беше помило да можев да се збогувам на еден малку поинаков начин, но некои работи во животот не излегуваат онака како што посакуваме. Им благодарам на вработените, на директорите, на претседателот и на сите што ми помогнаа да напредувам во мојата нова улога. Секако, најголема благодарност до навивачите, кои отсекогаш ми давале огромна поддршка како фудбалер, но и сега како пензиониран фудбалер на Барселона. Да живее Барса – напиша Пујол на својот официјален фејсбук-профил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...