fbpx

Пучдемон: Нема да го прифатиме планот на Рахој за директна управа во Каталонија

-

Каталонија нема да го прифати планот на шпанската влада за директна управа во покраината, изјави каталонскиот претседател, Карлес Пучдемон, пренесува „Би-би-си“.

Пучдемон го опишал планот на Мадрид како најлош напад на каталонските институции од диктатурата на генералот Франциско Франко (1939-1975), за време на која беше одземен автономниот статус на Каталонија.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој вчера, по вонредната владина седница, изјави дека ќе бара суспендирање на каталонската влада и распишување на предвремени парламентарни избори во регионот, во рок од шест месеци. Барањата на Рахој мора да бидат одобрени од горниот дом на шпанскиот Сенат пред одлуката да стапи на сила. Гласањето во Сенатот, според шпанските медиуми, се очекува да биде в петок, на 27 октомври.

Пучдемон изјавил дека шпанската влада дејствува против демократската волја на Каталонците, по одбивањето на сите понуди за дијалог.

Тој најавил дека ќе свика седница на каталонскиот парламент на која ќе се расправа за одговорот на плановите на Рахој.

Обраќајќи им се на европските граѓани на англиски јазик, Пучдемон истакнал дека основните вредности на Европската Унија се доведени во ризик во Каталонија.

Полицијата во Барселона соопшти дека 450.000 луѓе вчера излегле на протести во главниот град на Каталонија, а демонстрантите извикувале „слобода“ и „независност“.

Кризата во односите меѓу Барселона и Мадрид избувна по референдумот за независност на Каталонија, што се одржа на 1 октомври, а кој уставниот суд на Шпанија претходно го забрани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...