fbpx

ПССЕ: Мигрантската криза е проблем на Европа, а не на Грција

-

Бегалската и мигрантската криза во Источниот Медитеран треба целосно да се сфати како европски и глобален проблем, а не само како проблем на Грција, се наведува во Резолуцијата 2118, усвоена денеска по завршувањето на третиот дел од редовното годишно заседание на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

Јунскиот дел од заседанието во Стразбур ја обележа расправата за оваа криза.

Во рамки на расправата за оваа тема, во која учествуваше и грчкиот премиер Алексис Ципрас, е нагласено дека одговорот на бегалската и мигрантската криза треба да се темели на солидарност и на рамноправна поделба на одговорностите.

ПССЕ ги повика турските власти да ги исполнат преостанатите барања што произлегуваат од постнадзорниот дијалогот со ПССЕ и ја повтори подготвеноста на Советот на Европа, особено на Венецијанската комисија, да им пружи поддршка на турските власти во тој поглед.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...