Првомајски протест на ССМ: Товарот на кризата да го понесат сите, а не само работниците

-

Линеарно зголемување на платите, нов статус за работниците преку колективни договори и повлекување на претставката поднесена пред Уставен суд за укинување на недела како неработен ден, се дел од барањата што Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги упати на денешниот протест.

Под паролата „Сѐ да застане за работникот да опстане“ првомајскиот протест започна во 12:30 часот пред ССМ, од каде присутните работници, невработени, пензионери и граѓани се упатија кон Собранието на РСМ, оттаму пред зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора, а завршија пред Владата.

Сојузот на синдикати побара усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата, односно линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата.

„Плати поголеми уште утре согласно Законот за минимална плата кој предвидува скалесто зголемување на сите останати плати. Бидејќи само кукате дека немате пари, ќе ви предложиме линеарно зголемување на платите од 2.806 денари – од хигиеничар до Претседател на Владата. Тоа да се случи што побрзо, бидејќи економската криза нѐ изеде. Инфлацијата е секој ден сѐ поголема и тие пари секој ден ни се сѐ понеопходни“, рече Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Синдикалците побараа и повлекување на претставката во врска со законското решение за недела да биде неработен ден што до Уставен суд ја поднесе Стопанската комора.

„Исто така да ве предупредиме да ја повлечете претставката за недела неработен ден, бидејќи тоа е реалност во Македонија. Работникот го користи тој бенефит, одмара. Епа не може на некои работодавци и газди да ви бидеме робови 7 дена во неделата“, порача Димовски.

Првиот човек на ССМ рече дека ако не бидат исполнети барањата, нивниот протест ќе премине во штрајк.

„Ќе се собереме, ќе блокираме сѐ и многу лесно овој протест ќе прерасне во штрајк. А штрајк знаете што значи? Прекин на работата за време на работното време. Епа ако ние трпиме штета, и вие ќе трпите штета“, рече Димовски.

На протестот кој заврши пред Владата беше кажано дека трудот на работниците не е вреднуван и дека без него не можат да функционираат ниту институциите. Присутните побараа товарот на кризата да го поднесат сите, а не само работниците.

„Бараме од Владата да го почитува колективниот договор во јавниот сектор и враќање на К-15, истото го бараме и од приватниот сектор. Сакаме повисоки плати и одржливи работни места, социјална сигурност и права од работен однос според колективен договор. Бараме европски нов закон за работни односи“, беше кажано преку прогласот прочитан пред Влада.

На синдикалците пред Владата им се придружија министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тренчевска во своето обраќање потенцираше дека работодавачите мора да ги почитуваат своите обврски, а најави и засилени инспекциски контроли, како и казни доколку се утврди дека работодавачите не ја исплаќаат утврдената минимална плата.

„Сите работодавачи кои не исплаќаат плата согласно законот или под 18.000 денари, ќе сносат санкции според Законот за работни односи. Државниот инспекторат за труд врши контроли посебно во текстилните фабрики каде, сведоци сме, дека последните денови се исплаќаат плати под 18.000 денари. Ќе следуваат инспекциски контроли и секој што не исплаќа ќе биде санкциониран“, потенцираше Тренчевска пред присутните на протестот.

Битиќи додаде дека „никој не треба да заборави дека работникот е на прво место“.

„Унапредувањата на правата на работниците не се случува еднаш засекогаш. Треба да се зборува и за еднаквиот третман на мажите и жените на пазарот на трудот, за безбедноста при работа, како и за сите други права кои се забораваат посебно за време на кризи“, рече Битиќи.

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Не е точно дека децата во Македонија примаат „секакви експериментални“ вакцини, како што тоа сака да го прикаже објавата. Министерството за здравство на страницата за информации околу вакцините и задолжителната имунизација,...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на...