fbpx

Прво обраќање на авганистанскиот претседател до нацијата по напредокот на талибанските сили

-

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани одржа краток говор пред нацијата во кој порача дека целиот фокус го става на избегнување на понатамошна нестабилност, како што талибанците напредуваат брзо и се наближуваат кон главниот град Кабул, соопшти „Си-ен-ен“.

Во говорот, претседателот Гани вели дека во тек се консултации со авганистанските лидери и меѓународните сојузници за да се спречи понатамошно уништување. Иднината на неговата влада станува сѐ понеизвесна, откако талибанците ја преземаа контролата врз поголемите градови како Кандахар и Херат.

Гани порача дека е свесен за состојбата во земјата и дека се прават сериозни напори да се стигне до сите раселени луѓе.

„Свесен сум дека сте загрижени за вашата сегашност и иднина, би сакал да ве уверам дека како ваш претседател, целиот мој фокус е ставен на избегнување на понатамошна нестабилност, агресија и раселување. Како историска одговорност, ќе се трудам да не дозволам сегашната војна дополнително да убива невини луѓе, да ги загуби своите 20-годишни придобивки и да го уништи јавниот имот“, вели Гани во своето обраќање.

Ова е прв јавен настап на авганистанскиот претседател по големиот напредок на талибанците, а доаѓа откако американските војници почнаа да пристигнуваат во земјата за да обезбедат враќање на дипломатскиот персонал од амбасадата во Кабул.

Околу 3.000 војници се очекува да бидат распоредени во мисијата до крајот на неделата.

Покрај САД, и Германија, Велика Британија и Шпанија најавија повлекување на дипломатскиот персонал од Авганистан.

Пред неколку часа се обзнани дека талибанците ја преземале контролата и врз Шаран, главниот град на јужната авганистанска провинција Пактика, која се наоѓа јужно од Кабул и граничи со Пакистан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не постои план за нов светски поредок со една влада, една религија и една војска

Тврдењето за создавањето на „една светска религија“ потекнува од познатите теории на заговор, како што е теоријата на заговор за Новиот светски поредок. Според овие теории на заговор, повеќето...