Првите три училишта во Општина Центар добиваат фотоволтаични системи

Советниците од Општина Центар на денешната седница на Советот дадоа согласност за поставување фотоволтаични системи на кровните конструкции на првите три општински училишта

-

ТД „Енергија Центар“ ќе ги постави првите фотоволтаични централи во општинските основни училишта „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ Скопје и „Јохан Хајнрих Песталоци“, откако советниците од Општина Центар на денешната седница на Советот дадоа согласност за поставување фотоволтаични системи на кровните конструкции на првите три општински училишта.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на седницата појасни дека инсталирањето на фотоволтаичните централи ќе започне по завршување на училишната година односно кога училиштата ќе бидат празни и во нив нема да има ученици.

Фото: Општина Центар

„Ние ќе правиме напори проектот да се реализира во текот на летните месеци за од септември веќе да бидат во функција. Секако не зависи само од нас, туку и од временските прилики потребни за поставување на фотоволтаичните системи на кровните површини на училиштата. Денеска имавме и состаноци на кои баравме начини како да се задолжи и претпријатието со цел проектот да го реализираме во сите три основни училишта. Верувам дека ќе се најде решение и сигурен сум дека ќе имаме успешен проект кој ќе биде пример и за останатите општини“, рече Герасимовски на седницата.

Според договорот, Општина Центар, односно ТД „Енергија Центар“, ќе ја преземе одговорноста за било какво оштетување на кровните површини или причината евентуална штета со протекување. ТД „Енергија Центар“ исто така ќе го направи и осигурувањето на фотоволтаичните системи.

Фотоволтаичните системи ќе бидат поставени со цел производство на електрична енергија од обновливи извори за покривање на потребите од електрична енергија од страна на училиштата.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...