Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи.
Утринската температура се движеше од 14 до 19 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 21 до 34 степени. УВ-индексот ќе биде 8.
Во Македонија и на северната хемисфера денеска почнува летото, а истовремено на јужната хемисфера настапува зимата.
Летото ќе настапи во 12.07 часот. Сонцето изгреа во 4.58 часот, а ќе зајде во 20.12 часот. Денешниот, 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути.
Летото ќе заврши на 22 септември, кога ќе почне есента.