Првиот Центар за спасување на планина ќе биде отворен деновиве

-

Авантуристичкиот туризам освен природните можности прилагодени на барањата на современиот туризам треба да гарантира и безбедност. Тоа значи опрема за брза и безбедна акција и спасување во случај на потреба, како и координација на самите служби.

За таа цел, деновиве во Охрид ќе биде отворен новиот Центар за спасување на планина. Станува збор за објект кој во себе ќе има простор соодветен за планирање и координирање на оперативните дејствија, и е еден и единствен од ваков вид во земјава.

Во него ќе има и простор за тренинг и обуки на спасителите, простор за соодветно чување на опремата, како и можност за сметување на наши партнери и пријатели од други спасителни служби со коишто, ќе може да соработуваме во иднина

Во рамки на проектот „Регион Охридско езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија, денес во Охрид се одржа работилницата „Управување со ризици и воспоставување на ефикасни системи за спасување – како основа за развој на авантуристички туризам”.

Целта на работилницата е да се запознаат туристичките работници со капацитетите на новоформираните служби за спасување на планина во нашата држава и спасување на вода во Поградец, Албанија. Исто така се направи еден мал вовед за управување со системот со ризици, кој во своите планови мора да го имаат воведено туристичките работници кои сакааат да го продаваат овој вид туризам.

„Колку и да се подготвени, колку и да имаат соодветни и прецизни планови за управување со ризиците, сепак ситуацијата може да излезе од контрола, тука стапуваме ние, тоа е третиот сегмент за управување со ризици, и е потребна интервенција од професионални наменски тимови за спасување“, додаде Антонио Додевски – менаџер на проектот.

Додевски вели дека планинската служба во целост е опремена за решавање на сите комплексни ситуации на спасување во летни услови, но дека недостасува опрема за спасување во зима. Се работи на добивање на уште еден европски проект со чиишто средства во целост ќе се комплетира опремата и ќе може да се интервенира во сите периоди.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...