fbpx

Првата фаза од експресниот пат Градско-Прилеп ќе продолжи да се гради на почетокот од 2021 година

-

По повеќе од една и пол година застој во градежните работи, првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп се очекува да продолжи да се изведува на почетокот од 2021 година. Тендерот за довршување на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура долга 10 километри беше распишан на 4 септември, а рокот за доставување на понудите од заинтересираните компании е продолжен за 21 ден, односно трае до 24 ноември, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта.

„По завршување на целосната постапка за евалуација и избор на изведувач според правилата на ЕБРД, се очекува договорот за градежни работи да му биде доделен на изведувачот во февруари, 2021 година. Рок за изведување на градежните работи е 730 дена (2 години)“, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Инаку, експресниот пат Градско-Прилеп се наоѓа на трасата на кракот Д на патниот Коридор 10, кој преку Прилеп, Битола и Флорина води до грчкото пристаниште во Игуменица. Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на нашата земја за 2020 година нотира забелешка дека работите за завршување на патниот Коридор 10-д во земјава се одложуваат од овдешните власти.

Првата фаза од експресниот пат Градско-Прилеп треба да има по една сообраќајна лента во секој правец од по 3,5 метри, како и помошна лента за застанување од по 2,5 метри. Изведбата на градежните работи запре во летото 2019 година, откако дотогашниот изведувач „Конструксионес Рубау С.А“ во март 2019 година најави напуштање на договорот за изведба на овој експресен пат. Шпанската фирма заврши само 35 отсто од изведените работи на патот, иако изградбата на експресниот пат беше започната во 2016 година.

Во однос на втората фаза од експресниот пат Градско-Прилеп, од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека заклучно со септември 2020 година, вкупната реализација на градежните работи е 34 отсто. Завршувањето на оваа фаза зависи од преговорите за асигнација на договорот за градба, кои се во тек. Станува збор за трасата од Градско до Дреновска клисура со должина од 16 километри, која започна да се гради во мај 2018 година. Средствата во висина од 23 милиони евра беа обезбедени од фондовите на Европската Унија за оваа фаза.

Изградбата на трите фази од експресниот пат Градско-Прилеп требаше да се заврши до 2020 година, но крајниот рок за неговото комплетирање се одолговлечи поради раскинувањето на договорот за реализација на првата фаза. Во меѓувреме, од ЈП за државни патишта во изминатиов период работеа на реконструкција на коловозот на постојниот пат меѓу Градско и Прилеп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...