Над 30 говорници од 20 земји ќе говорат на првиот виртуелен самит за „Жени во маркетинг индустријата“. Самитот ќе се одржи од 28 до 30 април, а ќе се вклучат гости, меѓу кои и маркетинг директорката на една од најголемите компании „IBM“, Раки Вориа, која претходно беше извршен директор во Microsoft.

На самитот ќе се зборува за теми како брендирање и ПР, од креативност до вештачка интелигенција, дигитална продажба и стратегии, основачи на агенции, развој на кариера во маркетинг индустријата, нетворкинг и настани и дигитален маркетинг.

Од Лос Анџелес ќе се приклучи и поранешната извршна маркетинг директорка на „LA Lakers“ , „MTV“ & „CBS“ Џули Цвислер, Одета Мале, директор на најголемата ПР агенција во Албанија, Landmark Communications, Теодора Мегдаловици, официјален амбасадор и тренер на „Cannes Lions “, Ади Созин, Сузана Никифорова пионер на концептот на системско брендирање и основач на „Anima Way Branding“ и Ели Пешева, директор на комуникации во „Њу Момент“.

Целосната листа на гости е објавена на веб страната каде заинтересираните можат и да се регистрираат. Настанот ќе го модерира Аријана Коскарова, основач на Creative Hub и организатор на самитот.

Настанот е бесплатен за следење, а идејата е во време на корона да се поврзат жени од маркетинг индустријата од сите страни на светот и да дадат свој придонес во едукација и мотивација на оние кои имаат пасија да работат во оваа професија.