fbpx

Прв „Оскар“ за Леонардо ди Каприо, „Спотлајт“ најдобар филм

-

Леонардо ди Каприо освои „Оскар“ за најдобра машка улога во филмот „Повратник“, а „Спотлајт“ беше прогласен за најдобар филм на синоќешното 88. доделување на наградите на Американската филмска академија.

Наградата за најдобра женска улога ѝ припадна на Бри Ларсон за улогата на Џој во „Соба“. За најдобра споредна машка ролја награден беше Марк Рајленс за улогата во трилерот на Стивен Спилберг „Мост на шпиони“, а со најдобра споредна женска улога се закити Алисија Викандер за своето остварување во „Девојката од Данска“.

За најдобар режисер, награда доби Алехандро Гонзалес Инариту за „Повратник“, а за најдобро оригинално сценарио награда доби филмот „Спотлајт“. Статуетката „Оскар“ за најдобро адаптирано сценарио отиде кај „Големиот кусок“.

Лејди Гага настапи на сцената со песната „Till it happens to you“, а неа ја најави американскиот потпретседател Џозеф Бајден.

На сцената настапуваше и Сем Смит со песната „Writing’s on the wall“ од филмот „Спектра“, која доби „Оскар“ за најдобра песна. Енио Мориконе доби „Оскар“ за најдобра музика за филмот „Омразената осумка“.

„Лудиот Макс“ доби дури шест статуетки „Оскар“, за најдобра костумографија, најдобра сценографија, најдобра маска, најдобра монтажа, најдобра монтажа на звук и за најдобар микс на звук.

Филмот „Ексмашина“ доби „Оскар“ за најдобри визуелни ефекти, „Во мојата глава“ за најдобар долгометражен анимиран филм, а „Приказна за мечката“ за најдобар краток анимиран филм. „Ејми“ е најдобар документарен филм, „Девојката на реката: Цената на збогувањето“ е најдобар краток документарен филм, а „Синот на Саул“ ја доби наградата за најдобар филм од странско говорно подрачје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...