Во Охрид, Скопје и во Свети Николе, од утре до 4 септември ќе се одржува Првиот меѓународен филозофски дијалог исток-запад на тема „Наука и религија“.
Организатори на собирот се МАНУ, Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ и Филозофското друштво на Македонија.
Учество на симпозиумот ќе земат 18 врвни филозофи, меѓу кои професори од Универзитетот во Оксфорд, истакнати филозофи од универзитетите во Русија, Грција, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и во Македонија.