Прв книжевен фестивал во Малешевијата – „МалеМале“ ќе се одржи на 30 и 31 јули

Фото: Фејсбук страна на „МалеМале

„МалеМале“ е првиот книжевен фестивал во Малешевијата, кој на 30 и 31 јули ќе се одржи во Берово.

Организатори на настанот се поетот Тихомир Јанчовски и Тања (Павлеска) Аждаја, а тие на фестивалот најавуваат учество на познати домашни автори од книжевната, музичката и уметничката дејност.

„Со надеж дека ќе прерасне во традиција, МалеМале има за цел да го развигори културно-уметничкиот дух во Малешевијата и да послужи како потстрек за слични иницијативи од ист или сличен карактер. Сите граѓани и сограѓани се поканети на настанот, да ги проследат содржините, а и самите да земат учество во некои од нив“, се вели во најавата за првиот книжевен фестивал на тие простори.

За првиот ден најавени се музички перформанс, ликовна изложба и поетско читање што ќе се одржуваат во „City Pub“ – Берово, а следниот ден се предвидува поетско читање во природа, промоција на книга и поетување во Пехчево.

Повеќе информации може да се најдат тука.