Провалници упаднале во седиштето на ЦИВИЛ

-

Провалници упаднале во просториите на организацијата ЦИВИЛ во периодот од 18 до 20 јуни, при што ја искршиле вратата на задниот влез, го онеспособиле алармот и двете камери и го земале интернет модемот, информираа преку соопштение во организацијата. Се претпоставува дека провалниците, кои причиниле материјална штета, се интересирале за архивата на организацијата, бидејќи ги пребарувале документите во фасциклите со архивски материјали и финансиска документација.

„Ова е трет поголем инцидент во последните пет години чија мета е ЦИВИЛ. Првиот инцидент се случи непосредно по крвавите настани на 27 април 2017 година, кога од седиштето на организацијата беа украдени шест лаптопи и хард дискови со електронска документација на организацијата. Во тој напад настрада и дел од физичката архива, а беа очигледни систематските прелистувања на белешките во нотесите и папките на тимот на организацијата“, наведено е во соопштението.

Вториот инцидент се случил на крајот на јуни, 2020 година, во екот на мониторингот на предвремените парламентарни избори. Тогаш седиштето на ЦИВИЛ било вандализирано. Влезната врата на седиштето била оштетена со остар предмет и бил изгравиран зборот „Nazi“, а пред влезната врата биле истуени отпадоци.

„Сакам да ја искористам оваа прилика уште еднаш да ја потсетам јавноста и институциите на големите предизвици со кои се соочуваат прогресивните организации и редакции. Што се однесува до документацијата, ние немаме тајни. Сите податоци за нашето работење се јавни, доволно е да се отворат нашите интернет портали, а отворени сме и за секое дополнително прашање. Нема потреба да се провалува, освен ако целта не е да се упати поинаква порака“, напиша претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

Случајот е пријавен во полиција, извршната канцеларија на ЦИВИЛ и редакцијата Цивил Медиа, без застој, продолжија со својата работа.

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски момент“ во...

Мирот во Украина се чини подалечен по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Разговорот што се најавуваше како дипломатски пресврт за претседателот на САД, Доналд Трамп, во обидот да се стави крај на војната во Украина, заврши со уште повеќе прашалници, и за неговата...

Најавена сеча на стотици дрвја во Градски парк – тие се суви или пред сушење, велат експертите

На помалку од шест месеци пред локалните избори во октомври, кога е речиси извесно дека Данела Арсовска ќе ја напушти функцијата градоначалник на Скопје, се отвори нова криза поврзана со зеленилото...

Започна со работа Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) се одржа денеска во Europe House во Скопје и онлајн преку Zoom. Механизмот, воспоставен од Институтот за европска политика (ЕПИ) во...

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски...