fbpx

Провала во Бугарскиот КИЦ во Скопје, украден е монитор, Бугарија реагира

-

Засега непознати сторители ноќеска насилно влегле во Културно-информативниот центар (КИЦ) на Република Бугарија во Скопје, при што одзеле монитор. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, порача македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) во денешното соопштение.

Претходно, пак, за провалата во бугарскиот КИЦ на улицата Македонија во Скопје, реагираше бугарското Министерство за надворешни работи (МНР). Дополнително, македонската амбасадорка во Софија, била повикана во МНР во Софија, каде и било посочено дека овој инцидент „се случува во услови на долготрајна антибугарска кампања во Северна Македонија“.

„Ноќта меѓу 15 и 16 март 2023 година непознати лица упаднале во зградата на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје, Република Северна Македонија. Во инцидентот, причинета е материјална штета на задниот ѕид на клубот, кој беше отворен на 25 ноември 2022 година. Без разлика на мотивацијата на сторителите, делото е напад врз самата бугарска држава, олицетворена во државната институција. Потсетуваме дека со билатералниот договор за отворање на Културно-информативните центри од 2003 година, двете земји се обврзаа да гарантираат нормално функционирање на културно-информативните центри во двата главни града“, порача портпаролот на бугарското МНР.

Тој информираше дека директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Вања Андреева, пред македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси-Поповска изразила сериозна загриженост поради тоа што, како што се наведува, „ова кривично дело се случува во услови на долготрајна антибугарска кампања во Северна Македонија“.

Таа го истакнала очекувањето на бугарската држава „институциите на Република Северна Македонија не само да ги идентификуваат сторителите на ова злосторство, туку и јасно да покажат дека ваквите напади врз претставништвата на Бугарија се апсолутно неприфатливи и ќе бидат кривично гонети со сета строгост на закон“.

Центарот е формиран во 2006 година, според договорот меѓу двете држави од 18 април 2003 година, а на сегашната локација е од 25 ноември 2022 година, при што свечено беше отворен од министрите за култура на Бугарија и Македонија.

Србија и Унгарија ќе му предложат на регионот да се приклучи кон изградбата на брза пруга

Србија и Унгарија ќе ги поканат Северна Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Турција да се приклучат кон изградбата на брзата железница во регионот, која за почеток ќе ги поврзува...
Download Premium WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Premium WordPress Themes Download
Download Premium WordPress Themes Free
udemy course download free
download intex firmware
Download WordPress Themes Free
udemy course download free