fbpx

Протестна акција во Битола: „Ромите не се вреќи за боксирање – стоп за насилството врз Ромите“

-

Граѓанска иницијатива во Битола со герила акција го изрази својот протест против бруталните претепувања на Роми од страна на униформирани полицајци во изминатите месеци, но и генерално против насилството од цивили врз битолски Роми, нешто што се провлекува долго време. На повеќе места се поставени „боксерски вреќи“ со налепници и банери, како и знаци кои порачуваат „Ромите не се вреќи за боксирање – стоп за насилството врз Ромите“. Пропагандниот материјал е поставен на јавен простор во градот во близина на места каде се случија последните инциденти.

„Насилството врз Ромите во Битола помалку или повеќе со години се провлекува и е присутно во јавноста без да има сериозни реакции на надлежните институции. За жал последните напади во изминатите 2-3 месеци, во кои без особена причина брутално беа претепувани припадници на ромската заедница, беа направени од страна на униформирани полициски службеници на должност од полициската станица Битола. Тоа е непростливо и не треба да се премолчи! Секој граѓанин треба да го осуди и да се бори против ваков тип насилство! Токму затоа ја креиравме оваа акција со цел јавно да проговориме и да ја потсетиме јавноста на овие проблеми од кои најголем број се уште немаат разрешница. За жал нашиот град Битола е еден од градовите во Македонија со највисок процент на насилство врз Ромите кои се жртви не само на полицијата, туку и на многумина локални насилници кои својот бес и фрустрации секојдневно ги истураат на нашите сограѓани Роми“, порачаа активистите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...