Протестите во Словачка се внатрешно мотивирани и организирани

-

Не е точно дека „елитите на САД, НАТО и ЕУ ги користат невладините организации за да направат масовен протест во Братислава“. Граѓаните на Словачка протестот го прават самите. Фицо се соочува со притисок од сите страни – и од граѓаните, и од професионалците, а сега и од неговата коалиција.

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал од протестите во Словачка и пишува:

Шарена револуција во Словачка, затоа што нивниот премиер е за мир и не ја мрази Русија. Глобалистите веќе се обидоа да го убијат, а сега елитите на САД/НАТО/ЕУ ги користат невладините организации за да направат масовен протест во главниот град Братислава. Евроатлантските фундаменталисти го започнуваат новиот Мајдан или Шарена револуција во Словачка. Сценариото го знаете, насекаде едно исто!

Не е точно дека „глобалистите веќе се обиделе да го убијат премиерот на Словачка Роберт Фицо“. На 15 мај 2024 премиерот на Словачка Фицо беше застрелан и критично повреден во словачкиот град Хандлова после владин состанок. Обвинетиот за нападот е 71-годишниот Јурај Цинтула, кој е во судска процедура за нападот. За време на првичното испитување пред истражните органи, тој изјавил дека делувал првенствено поради тоа што владата на Фицо се противела да даде воена поддршка за Украина за време на руската инвазија. За нападот врз Фицо обвинет и во судска процедура е исклучиво Цинтула. Тој делувал самостојно така што не е вистина дека „глобалистите се обиделе да го убијат“. Има конкретен обвинет за настанот. Обвинението против Цинтула е за обид за убиство со умисла на заштитено лице. Запретената казна затвор за ова дело е од 25 години до доживотен затвор. Минатата година Врховниот суд на Словачка го отфрли тоа дека се работело за терористички напад, бидејќи доказите не сугерираат на тоа. Во постапката било презентирано писмо што Цинтула ѝ го напишал на сопругата, а за која судот утврдил оти ја покажуваат личната омраза на Цинтула кон Фицо, а не јасна намера да ја принуди владата да стори или да не стори нешто. Нападот врз словачкиот премиер Роберт Фицо беше осуден од лидерите ширум светот вклучително и од претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, унгарскиот премиер Виктор Орбан, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг итн.

Не е точно дека „елитите на САД, НАТО и ЕУ ги користат невладините организации за да направат масовен протест во Братислава“. Граѓаните на Словачка го прават протестот самите. Фицо се соочува со притисок од сите страни – и од граѓаните, и од професионалците, а сега и од неговата коалиција.

Да се гледаат илјадници собрани луѓе на улиците како што може да се видат во видеото од објавата што ја рецензираме, и да се тврди дека сите нив ги оркестрирале САД, НАТО и ЕУ не е ништо повеќе ниту помалку од пропаганда. Толкави народни маси од хетерогена природа (најразлични луѓе и по возраст, образование, но со исто незадоволство) не може да се контролираат од еден центар. Особено не во над 20 градови како што се случува во Словачка. Луѓето на улиците се согласуваат околу една работа која ги поврзува – а тоа е ставот дека Словачка не ѝ припаѓа на Русија и дека се против наклонетоста на владата на Фицо кон Москва. Словачка е членка на НАТО од 2002, а членка на ЕУ од 2004 година. Граѓаните во над 20 градови во Словачка мирно протестираат и бараат Словачка да остане во овие меѓународни организации и нивната влада да престане да ја поткопува меѓународната позиција на државата.

Гардијан на 25 јануари извести дека Фицо ги отфрли повиците за негова оставка откако десетици илјади демонстрираа против промената на политиката на неговата влада за приближување кон Русија.

Парламентот сега е парализиран не поради некои надворешни мрачни сили кои дејствуваат во позадина, туку поради неспособноста на Фицо да владее, изјави опозицискиот лидер Михал Шимечка од Прогресивна Словачка, сигнализирајќи ја подготвеноста на неговата партија да поддржи предвремени избори.

Фицо возврати на протестите и без докази ја обвини опозицијата дека „е подготвена да ја окупира власта во соработка со странски држави и покрај изборните резултати“.

Организаторите на протестот ја отфрлија оваа приказна, наведувајќи дека единствената закана за државата не се тие, туку мешањето на пријателот на Фицо, Владимир Путин.

Сите го велат тоа. Слушајте го Орбан во Унгарија, Иракли Кобакиџе во Грузија, Србија, сите го користат истиот наратив. Словачка е само една од земјите што се покоруваат на московскиот режим, благодарение на нашиот премиер, изјави за „Дојче Веле“ Маријан Кулич, еден од организаторите на протестот припадник на организацијата „Мир за Украина“.

Не е точно дека протестите се поради тоа што Фицо не ја мрази Русија и не сака војна. Војната ја предизвика Русија неиспровоцирано. Русија може и да ја заврши војната со тоа што ќе се повлече од Украина и од нејзините окупирани територии. Мирот во Украина не зависи од Фицо. Војната е предизвикана од страна на Русија, а НАТО ја поддржува Украина во нејзиното право на самоодбрана.

Наративот за „започнување нов Мајдан или шарена револуција со сценарио што е исто насекаде“ е обид да се дефокусира јавноста и не се базира на факти. Користен е од страна на власти и нивни протагонисти, за да се обвини Западот дека организира демонстрации за да се решаваат внатрешни и надворешни прашања во поединечни држави, но притоа не се нудат докази. Исто така, се занемаруваат и минимизираат фактите – дека внатрешните прашања на различните држави кои водат до овие протести се инспирирани од владите што владеат со државите. Граѓаните имаат право мирно да се организираат и да демонстрираат. Исто како што ги бираат своите влади, граѓаните имаат и право да им укажат со демонстрации и протести дека нивните политики не им се допаѓаат. Каков што е случајот и со Словачка. Шарените револуции досега заменија автократска влада блиска до Русија со друга поблиска до Западот. Секоја од овие револуции имаше одреден степен на поддршка од западните земји, што се разликуваше од случај до случај. Меѓутоа, внатрешните фактори одиграа клучна улога.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната зборува за...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната...