fbpx

Протести во Грција против новите зголемувања на даноците и намалувања на пензиите

-

Грците денеска излегуваат на протести против новите мерки кои вечерва ќе се гласаат во грчкото собрание. По дводневниот штрајк кој почна во петокот во сите државни институции, денеска работничките синдикати повикуваат на масовни протести во центарот на Атина и во Солун.

На улица излегуваат државните службеници, професорите, докторите и медицинскиот персонал, вработените во јавниот превоз. Грција веќе трет ден е без возови и бродови, а во Атина нема метро. На протест излегуваат и новинарите, кои до вчера имаа 48-часовен штрајк, а на протест повикуваат и асоцијациите на трговци кои сметаат дека со новите зголемувања на даноците ќе се создадат дополнителни проблеми и загуби за трговците и за угостителите. Синдикатите апелираат денеска да затворат продавниците, кои според закон може да бидат отворени оваа недела.

Граѓаните бараат од владата во последен момент да ги повлече мерките и да застане на страна на народот, а не да изгласа пакет што ќе донесе ново финансиско оптоварување и поскапувања во моменти кога ќе се намалат пензиите.

Независно од барањата на граѓаните и од противењата на опозициските партии, оценките во Грција се дека пакетот ќе помине со поддршка од пратениците на владејачката коалиција СИРИЗА – Независни Грци, без најава дека некој од нив ќе откаже доверба во последен момент. Доколку пакетот се изгласа, министерот за финансии, Евклидис Цакалотос, утре може да оди на состанокот на еврогрупата со одобрени мерки и со засилена преговарачка позиција во обид да се отфрли барањето на ММФ за гласање дополнителен пакет мерки од 3,6 милијарди евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...