fbpx

Протести против цензурата и притворањето на турската учителка Ајше Челик

-

Организациите за заштита на слободата на говорот, „Индекс на цензурирање“, „Артикл 19“, „Пен интернешнл“ и други, утре организираат акција пред турската амбасада во Лондон во знак на протест поради почетокот на судското рочиште во Истанбул против 30 лица, за кои е поднесена тужба поради изнесување лични ставови, спротивни на владините.

Меѓу обвинетите се наоѓа и невработената учителка од Дијарбакр, Ајше Челик, која доби тужба поради телефонска изјава дадена на забавната емисија „Бајез шоу“. Таа изјавила дека медиумите не ја прикажуваат вистинската слика за тоа што се случува на југоистокот за Турција.

– Дали знаете што се случува во Југоисточна Турција? Неродени деца, мајки, луѓе се убиваат… Тоа што се случува тука не се прикажува на телевизиите и во медиумите. Не молчете… Погледнете, слушнете, подајте ни рака. Жално е, не дозволувајте овие луѓе, овие деца да умираат, не дозволувајте мајките да плачат – изјавила Челик во емисијата, апелирајќи на мир.

По изјавата, невработената учителка беше линчувана на социјалните мрежи, а провладините медиуми ја нападнаа дека „не ја критикувала Курдската работничка партија (ПКК)“. Властите истовремено го казнија со 900 лири водителот на емисијата поради емитуваната изјава и му наредија јавно да се извини затоа што не го запрел говорот на Челик.

Турските власти поведоа истрага против Челик, обвинувајќи ја дека „шири пропаганда на терористичка организација“.

По ваквата реакција, почната е интернет-петиција за поддршка на Челик, насловена „Сите сме учителката Ајше“, а група интелектуалци почнаа акција на граѓанска непослушност бидејќи сметаат дека процесот против неа не само што претставува кршење на слободата на говорот, туку и обид да се прикријат насилствата на југоистокот на земјата.

Интелектуалците, со потпишани изјави, ги посетија обвинителите во Анкара, Истанбул и во Измир, пријавувајќи се себеси како соучесници на Челик. Турското обвинителство на 26 април годинава отвори случај против нив, а следниот ден и против Челик, во кои се прогласени за предавници и за поддржувачи на „терористичката организација ПКК“.

За утре е закажано првото сослушување за случајот, а турската „Мрежа за слобода на изразување“ ги повика граѓаните и активистите да бидат сведоци на фарсата што ја спроведува власта и соопшти дека ќе продолжи да известува за насилствата на југоистокот на земјата.

„Ги повикуваме сите активисти за слобода на говорот да застанат со нас и да бараат слобода на изразување од турските власти“, соопштија од турската „Мрежа за слобода на изразување“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...