Во сабота е закажан протестен марш во Неготино насловен „Стоп за сообраќајно насилство“ во знак на барање правда за младата Фросина Кулакова. Протестот е организиран од Фејсбук групи креирани од жители на Неготино. Ќе започне во 14 часот, на улица „Маршал Тито“ во Неготино.
Протестот е организиран од блиски пријатели на Фросина, и во повикот има опција за сите од другите градови доколку сакаат да бидат дел од протестот, ќе има обезбеден бесплатен превоз до Неготино и назад.
Според најавата, од Скопје автобусите ќе тргаат во сабота во 11 часот пред хотелот „Холидеј Ин“. Поканети се сите, студенти, млади лица, и секој кој може да дојде. Мора да се пријават сите порано за да се обезбеди превоз за сите.
Фросина Кулакова беше студент по мода, чиј живот згасна прерано, на 22 годишна возраст, при преминувајќи прописно на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, околу 15 минути пред полноќ.
Фросина беше прегазена од 20 годишниот Васил Јованов, кој таа ноќ решава да пие голема количина на алкохол, да вози автомобил без возачка купен од неговите родители, и да дивее низ Скопските булевари.
Протест за Фросина: Непомирлив судир меѓу два различни цивилизациски концепти