Протестен марш против аерозагадувањето: „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“

Од протестниот марш беа упатени четири барања за борба против загадувањето на воздухот во главниот град

-

Граѓаните на Скопје по втор пат месецов излегоа на протест против аерозагадувањето. На протестниот марш што се одржа денеска, присутните порачаа дека „Скопје мора да дише“ и оти „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“.

Протестот започна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, од каде граѓаните се упатија кон Собранието, па кон Владата, за на крај да завршат пред бараките на Град Скопје.

Од протестниот марш беа упатени четири барања за борба против загадувањето на воздухот во главниот град.

Едно од барањата е јавен континуиран мониторинг на индустриските објекти за точно да се знае кој и како загадува. Второто барање се однесува на еколошко загревање на објектите кои сè уште се греат на мазут. Меѓу барањата е и подоброто управување со отпадот, како и да се реши автоцентричноста во градот, со приоритет на јавниот превоз и велосипедите.

Зад протестниот марш стојат неколку граѓански организации и иницијативи: Зелен Хуман Град, Шанса за Центар, Skopje Smog Alarm, Независни за Карпош, О2 Иницијатива, Зелените од Гази Баба, Иницијатива за ослободување од еднократна палстика, НаТочак, Go Green – Биди Зелен и Слобода на Говорот.

Претходно, протест против инертноста на властите во борбата против загадувањето со воздухот се одржа на 10 декември. Присутните и тогаш побараа поголема ажурност и внимание за проблемот со аерозагадувањето кое секоја година во Македонија е причина за околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките PM2,5, што е 17,7 отсто од вкупната смртност во државата.

 

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика...