Протест за Фросина: Непомирлив судир меѓу два различни цивилизациски концепти

„Се работи за систем и антисистем“, рече таткото на прерано починатата Фросина, Тодор Кулаков и ја прогласи неговата ќерка за еден од хероите на нашето време

-

Непомирлив судир меѓу два различни цивилизациски концепти – на овој начин таткото на трагично починатата Фросина Кулакова попладнево пред македонското Собрание ја сумираше суштината на гневот кој го предизвика нејзината прерана смрт. Илјадници граѓани се собраа во Скопје попладнево на маршот „Правда за Фросина“.

Протестот го предводеше токму семејството на Фросина. Нејзиниот татко, Тодор Кулаков, зборувајќи пред илјадниците насобрани рече дека не очекувале толкава поддршка, која им е насушно потреба во моментов.

Сестрата на Фросина, Росица Кулакова, заедно со семејството го предводеа протестниот марш во Скопје | Фото: Мета.мк

„Се работи за систем и антисистем“, рече Кулаков и ја прогласи неговата ќерка Фросина за еден од хероите на нашето време.

„Девојче за пример, врвен интелектуалец, дизајнер, светските врати ѝ беа отворени. Еднаш годишно одеше во Париз на ревии, сега пред да биде убиена си уплати по 4 пат да оди во Париз“, продолжи Кулаков додавајќи дека од другата страна се „оние кои се задоени со чемерот на антисистемот, се претвораат во наркодилери, насилници, убијци, на кои им помагаат тешко потплатени судии и обвинители“.

Не очекувавме толку голема поддршка, која ни е насушно потребна, рече таткото на Фросина, Тодор Кулаков кој својата прерано почината ќерка ја прогласи за херој на нашето време | Фото: Мета.мк

Протестот започна во 17 часот попладне од крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и „29 Ноември“, каде што Фросина го загуби својот живот пред 5 дена. Со огромна брзина во нејзе удри 20 годишниот Васил Јованов, кој сега е во притвор, но претходно бил пуштен на слобода и покрај кривичните дела за кои бил осуден.

Водачи на протестот беа студенти, кои извикуваа „Што сакаме? Правда“ и „Секој еден може да е следен“. Од местото на несреќата граѓаните се упатија кон Собранието, претходно поминувајќи пред Министерството за правда каде се слушаа гласни извици на негодување и свирежи.

Од местотото на злосторството, маршот продолжи кон Собранието претходно минувајќи покрај Министерството за правда. Од Собранието тргнаа кон Кривичниот суд преку зградата на Обвинителството. На сите овие локации се слушаа гласни извици на негодување и свирежи | Фото: Мета.мк

Пред говорот на Кулаков пред зградата на Собранието, водачот на студентите побара од присутните три-минутен молк за почит кон Фросина, но и да ги извадат своите мобилни телефони и да ги вклучат светлата.

Присутните носеа бројни транспаренти на кои пишуваше „Кога парите зборуваат правдата молчи и умира“, „Не е кобно местото, туку луѓето и системот“, „По секое загубено дете, тишината убива уште повеќе“, „Секое мито купува нов гроб“…

„Системот што штити виновници е систем што уништува животи“, гласеше еден од транспарентите | Фото: Мета.мк

Од Собранието граѓаните се упатија кон зградата на обвинителството и Кривичниот суд каде уште еднаш одржаа три-минутен молк и ги запалија светилките на мобилните телефони.

Фросина го загуби животот ноќта на 29 јануари 2025 година петнаесетина минути пред полноќ кога Васил Јованов, под дејство на алкохол, возејќи брзо и поминувајќи на црвено удри директно во нејзе и ја усмрти на лице место.

„Улиците не се тркачки патеки“, гласеше друг транспарент | фото: Мета.мк

Откако му беше одреден 30-дневен притвор на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека веќе има мобилен телефон. Потоа, мобилниот му бил одземен, и тој бил сместен во самица.

Денеска, при протестот во Кавадарци, сестрата на Фросина, Росица Кулакова побара одговорност од Зоран Јованов, таткото на Васил, како и од судијката Даниела Алексовска Стојановска која донела пресуда Васил да се третира како помлад полнолетник и наместот во затвор да оди во казнено-поправен дом за малолетници во Тетово.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ctrl – Z (@ctrlz.mk)

Триесет и шест деца во секунда

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...