Протест во Белград: „Оставете им црвени траги насекаде, бидејќи крвта им е на рацете“

Активистите најавија дека министерот за градежништво Горан Весиќ има рок до вторник да поднесе оставка. Тие рекоа дека денеска протестот се одржува во Белград, бидејќи Нови Сад е во жалост, но дека од вторник од Нови Сад ќе се одлучува како ќе се однесува остатокот од Србија

-

Голем број луѓе денеска се собраа на плоштадот Сава во Белград во „пет до 12“, а потоа се упатија кон Министерството за градежништво, во знак на протест поради несреќата во Нови Сад, пренесува Н1. Пред Министерството за градежништво им ги покажаа на полицајците рацете обоени со црвено а тие не ги пуштија да се приближат до зградата. Демонстрантите ги прашуваа „дали има некој доволно чесен да ги уапси одговорен за трагедијата во Нови Сад“. Во еден миг, толпата почна да вика „чувајте ги убијците“.

Тие носеа пароли „Злосторство, а не трагедија“, „Оставки“, „Ако ги барате одговорните, погледнете се во огледало“.

Протестот продолжи пред зградата на Владата на Србија, каде што активистите најавија дека министерот за градежништво Горан Весиќ има рок до вторник да поднесе оставка. Тие рекоа дека денеска протестот се одржува во Белград, бидејќи Нови Сад е во жалост, но дека од вторник од Нови Сад ќе се одлучува како ќе се однесува остатокот од Србија.

На тротоарот пред зградата на Владата и на зградата на Апелациониот суд беа оставени црвени траги од тупаници и порака „заштити го убиецот“. Активистот Никола Ристиќ посочи дека ќе има радикализација на протестите доколку не се исполни првото нивно барање, а тоа е Горан Весиќ да поднесе оставка. 

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...