Протест против здружението „Цар Борис III“, советодавно тело ќе дава мислење при именување со историски личности

-

„Фашизмот мора да падне“, „Не за бугарскиот Хитлер“, „Со фашисти не сме исти, ние сме антифашисти“, се само дел од паролите со кои десетици демонстранти денеска го искажаа своето незадоволство поради отворањето на Здружението на граѓани именувано како „Цар Борис III“ во Охрид. Протестот е организиран од партијата Левица, а е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Беше предвидено свеченото отворање на здружението со присутни гости да започне на пладне, но протестот започна половина час пред да се случи отворањето. Пред просториите на здружението има силно полициско обебедување.

Во партијата Левица вчера информираа дека до Основното јавно обвинителство поднеле иницијатива за забрана за работа на ова здружение.

„Како што беше поднесена иницијатива за забрана на здружението „Иван Михајлов“ во Битола, така и поднесовме и иницијатива за забрана на новоотвореното Здружение „Цар Борис III“ до ОЈО Охрид. Очекуваме реакција од Јавното обвинителство и останатите државни органи за постапување и спречување на овој опасен тренд на наметнување и воздигнување на докажани фашистички дејци и државници на окупаторски држави, за кое реагираше и еврејската заедница во Македонија“, рекоа во партијата.

Во меѓувреме, денеска Министерството за правда информира дека за „да се превенираат одредени состојби, ќе се формира советодавно тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице.“

„Улогата на ова тело ќе биде советодавна, односно ќе дава мислење за карактерот на историските личности, начинот на кој ќе се формираат здруженијата со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекс низ различни епохи“, наведено е во соопштението.

Од Министерството за правда информираат дека е формирана работна група за изготвување на нов Закон за здруженија и фондации, со кој ќе се доуредат условите врз основа на кои ќе може да се регистрира здружение. Најдоцна до крајот на месецов ќе биде објавен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) каде сите заинтересирани лица ќе можат да дадат свои мислења, забелешки и сугестии, а ќе следуваат и јавни расправи. Целта на измените на Законот е подобрување на правната рамка во делот на одредбите кои се однесуваат на регистрација на граѓански организации, дефинирање на статус на непрофитни организации како и начинот на нивно финансирање.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...