Во Битола денеска ќе се одржи протест против полициската бруталност организиран од организацијата АВАЈА. Овој протест е поттикнат од инцидентот што се случи неодамна, каде можеше да се види како претставник на полицијата тепа припадник на ромската заедница.

АВАЈА е граѓанска иницијатива која има за цел да ги артикулира и промовира интересите на граѓаните роми пред сите засегнати страни. Протестот ќе биде одржан заедно со здруженијата Ромалитико, Романо Авази, Ромаверзитас, Баирска Светлина, Сумнал, Ромско Јато.

Организаторите најавуваат мирен протест а дополнително најавуваат дека при протестот ќе бидат почитувани сите мерки со обезбедена редарска служба, маски и дезинфикциони средства.

Настанот можете да го видите на овој линк, а видео од инцидентот можете да погледнете овде:

РОМИТЕ НЕ СЕ ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД! #МожетеПовеќеМожетеПолошоУжаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи…

Gepostet von AVAJA am Donnerstag, 24. September 2020