fbpx

Протест против полициската бруталност пред Чешката амбасада во Скопје [фото]

-

Над 1.000 граѓани учествуваа на вчерашниот протест пред Чешката амбасада во Скопје поради убиството и полициската бруталност врз младиот Ром, Станислав Томаш од Теплице, Чешка. Протестот беше организиран од граѓанското движење – АВАЈА. Протестот започна од пред основното училиште “Koчо Рацин“ на улица “Мајка Тереза” (Водњанска) и продолжи пред Чешката амбасада.

Чешките власти предводени од премиерот, Андреј Бабиш, претседателот, Милош Земан и министерот за внатрешни работи, Јан Хамашек не ја осудија полициската бруталност од полициските припадници, туку напротив се заблагодарија за нивната реакција и дадоа поддршка на полицијата од Теплице. Ова е последен случај на полициската бруталност со кој Ромите низ Европа се соочуваат, велат од АВАЈА.

Тие потсетуваат дека во полициска бруталност во септември 2020 година во Битола беа претепани тројца Роми, за кои до денешен ден нема судска разрешница.

Чешките власти се обидуваат да го оправдаат инцидентот како употреба на легитимна сила, тврдејќи дека Станислав Томаш бил под дејство на зависни супстанции. Сепак, од АВАЈА го посочуваат видеото што кружи на социјалните мрежи, на кое се гледа како полицаецот клечи околу 5 минути на вратот на Станислав, а потоа сфаќа дека повеќе не се помрднува по што повикуваат амбулантно возило.

Полициската бруталност кон Ромите е највидливиот начин на функционирање на системскиот расизам во Европа. Таа се заснова на неограничената сила на полицајците кои гледаат и третираат секое ромско лице како криминалец.

„Свежи ни се сеќавањата за полициската бруталност врз Ромите во Битола кој што е во судски процес! Свежи ни се сеќавањата за присилните евикции на ромските населби, свежи ни се сеќавањата на смртта на Роми во затворите под сомнителни околности! Свежи ни се сеќавањата на секојдневната дискриминација врз Ромите од страна на поединци и институции, како што е малтретирањето на детето од Кочани!”, истакна Салија Бекир, тим лидерка на АВАЈА.

Од граѓанското движење – АВАЈА на протестот побараа од чешките власти независна истрага што ќе го истражува случајот на полициска бруталност во кој беше убиен Станислав Томаш и креирање на независна комисија што ќе ги разоткрива прекршувањата на полициските правила и практика во ромските заедници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...