fbpx

Протест пред Влада утре поради загадениот воздух

-

Нов протест против загадениот воздух ќе се одржи утре напладне пред Владата на Република Македонија. Зад протестот стојат граѓани организирани преку социјалните мрежи.

„Британската влада во 2000 ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања“, пишуваат организаторите во најавата за настанот на Фејсбук.

Засега бројот на пријавените е околу 250, па можно е да помине како претходниот протест кога се појавија само стотина луѓе иако своето учество го најавија неколку илјади, или како на последниот организиран пред околу две седмици, кој беше откажан пред да се одржи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...