Протест пред Уставен суд: Судиите послушници на власта да си дадат оставки

-

Стотина граѓани денеска повторно протестираа пред Уставниот суд и бараа оставка од судиите кои одлучија да ја разгледуваат иницијативата за уставност на законот со кој се предвидува лица гонети или осудувани за изборен криминал да не можат да бидат помилувани.

Граѓаните извикуваа „Оставка“, „Збогум криминална бандо“, „Но пасаран“, и „И да го одбраниме Уставот од уставните судии“.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет рече дека Уставниот суд е конституиран за да го штити Уставот, да ги штити и правата на граѓаните, но тој откако е изгласан сегашниот состав на судии, го прави спротивното.

Таа рече дека овие судии ја одбиле иницијативата за законот за лустрација, за законот за абортус и многу други неуставни закони.

– Овој состав на судии работи директно под палката на злосторничкото здружување. Јас ќе протестирам секој ден се додека овие судии не си поднесат оставка и се додека не ги ослободиме институциите. Нема правда, нема мир – рече Пировска.

Пред граѓаните зборуваше и граѓанскиот активист Славчо Димитров кој истакна дека има разлика меѓу вчерашните и денешните протести. Димитров додаде дека, денеска протестот е за слобода, а вчера бил за крстови, орли и политички партии.

– Ние живееме во држава во која царот Николај и неговите послушници ни кажуваат што е вистина, а што не. Ние живееме во држава во која владеењето на правото е владеење на царот Николај. Ние живееме во држава во која власта го сотре образованието. Ние живееме во тоталитаризам. Уставните судии се бираат во Собранието, а Собранието е конститиурано на нелегални избори, што значи е нелегитимно зашто има нелегитмно мнозинство, а со тоа и уставните судии се нелегитимни. Сакате да ја штитите Јанкулоска која „за уши ќе ги носи Циганите да гласаат“, е па ние ќе ви порачаме дека за уши ќе ве фатиме и на клоци ќе ве исфрлиме. Ова не е Уставен суд ова е „Усран суд“ и нема да ви кажам сиктер, ќе ви кажам „Мрш бандо криминална“ – рече Димитров.

Пред насобраните беше прочитана и „Ода за царот Николај“, а се обратија и неколку граѓани кои порачаа дека се незадоволни од оваа власт и дека им е доста од притисоци и уцени, како и дека нема да престанат да протестираат се додека сите не си поднесат оставки.

На денешниот протест се пуштаа неколку „бомби“ кои ги објавуваше лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Граѓаните ги слушаа гласовите на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков како договара гласање на судии во Врховниот суд и на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која кажува, како „за уши ќе ги носат Циганите на гласање“.

Граѓаните фрлија и неколку јајца врз објектот на судот, иако од фасадата се уште не беа исчистени јајцата од претходните протести.

Овој протест е четврти по ред, а го организира граѓанската платформа „Ајде“.

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвени “ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во последните недели...

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Откако вчера на социјалните мрежи стана вирално видео на кое маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“, веднаш беше приведен. Додека се чека официјално соопштение од...

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Пишува: Теофил Блажевски   СДСМ и ДУИ во последните два дена излегоа со ставови во јавноста во врска со истрагата за трагедијата во Кочани во кои има сличности во настапот, но и разлики. Ваквата...

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека воведува 25% тарифи на увозните автомобили, потег кој Белата куќа тврди дека ќе го поттикне домашното производство, но истовремено може да ги оптовари автомобилските...

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвени “ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во...