Студиото Ubisoft што ги прави игрите од оваа франшиза неодамна беше жртва на голем хакерски напад, беа уценувани за пари за да не се пуштат протекувања, случај каде Ubisoft не платија откуп и рекоа дека се протечени информации кои не би и наштетиле на компанијата. Дополнитлно информации што не би наштетиле ниту на играта „Assassin’s Creed: Black Flag Resynced“. Целовремено има нови протекувања до степен Ubisoft самите да ја наречат оваа појава за Black Flag како „најлошо чуваната тајна во гејмингот“.

За најновото пробивање на нивните датабази девелоперите Ubisoft сега само се огласија на тоа со фразата “Nice Try“ („Добар обид“).

Се работи за вест поставена на Икс од јутуберот „xJ0nathan“ каде наводно станува збор за нова мрежна верзија тотално фокусирана на мултиплејер PvP (борби на играчи против други играчи) со шифрирано име и работен наслов „AC: Invictus“. Сликата и не открива ништо посебно освен лик којшто држи две оружја во недоработен простор како позадина.

Ubisoft ќе бара одговорност од јутуберот според нив за наводно ширење на следниве гласини и дезинформации: Тоа што тој го има пренесено е досега е дека играта ќе излезе годинава(2026 год.) и ќе биде слична и во стилот на доста успешната игра „Fall Guys“ во која ќе има изобилство на ликови од Assassin’s Creed франшизата. На играта работат и луѓе вклучен во изработката на играта „For Honor.“ Исто така пренесено е дека наводно самата Invictus играта за којашто станува збор има лош процес на развој. Според корисниците на „Редит“, Јутуберот  xJ0nathan дополнително тврдеше-цитирам: „Ниту една личност што работи на играта… воопшто не го цени тоа што го прави“.  

Едно е да се коментираат видеоигри – но сосема друго е тенденциозно, интензивно и константно да се напаѓа голема компанија директно за нешто на што работи како проект и да се упропастува нечиј бизниз и труд јавно и глобално и секако дека тоа нема да помине без правни реперкусии кон јутуберот.

Assassin’s Creed игрите најчесто беа со главен фокус на „PvE“(„Player vs Environment“) играњето „Single Player“ додека мултиплејер аспектот беше присутен во ред нивни игри -со сосема нови механики на ловење преправени играчи во различни стази. Присутно во Assassin’s Creed игрите со поднаслови „Assassin’s Creed III“, „Black Flag“ и „Roguе“ но најчесто и не беше воопшто користено од играчите и немаше заинтересираност за тоа, се додека не се случи следново:

Досега играчите ширум светот сметаат дека Assassin’s Creed III (Каде главниот лик Конор е „полу американец староседелец“) има најдобро PvP кое кулминираше кога базичната верзија на овој дел од франшизата беше подарена бесплатно на сите корисници на Uplay платформата на Ubisoft пред околу 13 години и привремено неколку месеци играта беше преплавена со луѓе и PvP-то беше и те како живо, особено затоа што се разликува од било кое друго PvP во било кој друг тип на вакви игри. Интересот за „Multiplayer во AC“ тогаш достигна свој врв на константни корисници што се нема повторено ни досега за ниеден следен Multiplayer Mode во франшизата. Ова е трејлерот за AC III каде се објаснети тогашните најиграни инвентивни и уникатни механики во целото траење на франшизата досега: 

 

Ако имавте потешкотии да разберете одредени гејмерски термини во овој напис ви препроачуваме да го консултирате следниов Водич за гејмерска терминологија каде сите употребени фрази се објаснети детално на македонски јазик. 

Да се надеваме дека гласините се само гласини и дека Ubisoft ќе го надоградат овој интересен и навистина посебен „PvP Multiplayer“ систем што веќе го имаат етаблирано на уште подобро ниво или пак ќе излезат со сосема нов систем за играње „Multiplayer.“    

А што е и што било дезинформација или вистинско протекување -времето само ќе покаже кога ќе излезе „Assassin’s Creed: Invictus.“