Протечен документ открива план на Кремљ да ја припои Белорусија до 2030 година

-

Додека целиот свет ја следи војната на Русија против Украина, Кремљ тивко ја припојува соседна Белорусија во својата орбита, пишува Киев Индипендент.

Група европски и американски медиуми, вклучително и Киев Индипендент, добија документ од 17 страници, во кој наводно се опишани плановите на Русија да ја потчини Белорусија и да ја разбие нејзината независност.

Документот ги прикажува идните чекори на Русија за преземање целосна контрола врз белоруската политичка, економска и воена сфера до крајот на деценијата.

Според документот, до 2030 година Белорусија треба да има единствена валута и даночен систем со Русија, а нејзиниот медиумски простор мора да биде под руска контрола. Белоруската армија мора да ги почитува руските прописи. Целото клучно воено производство мора да биде префрлено од Белорусија во Русија.

Киев Индипендент не го објавува самиот документ, така што не може да се открие изворот. Според претставници на една западна разузнавачка служба, која сакаше да остане анонимна, документот од два дела е заеднички напор на неколку руски агенции.

Еден западен разузнавач, кој има директно знаење за потеклото на документот, рече дека руските домашни, странски и воени разузнавачки служби работеле на нацрт-стратегијата претставена во протечените досиеја.

Изворот тврди дека документот е креиран во 2021 година од Дирекцијата за прекугранична соработка на Кремљ.

Киев Индипендент и неговите медиумски партнери се обидоа да го потврдат објавениот документ независно преку неколку разузнавачки агенции од различни земји.

Претставник на разузнавањето од земја-членка на НАТО рече дека документот изгледа „веродостојно и автентично“. А, изворот на Киев Индипендент во военото разузнавање на Украина рече дека не може да ја потврди автентичноста на откриените досиеја.

Според објавениот документ, крајната цел на Русија е да го финализира спојувањето на Русија и Белорусија во Унија, управувана од Москва до 2030 година.

Наднационална унија составена од Белорусија и Русија беше создадена во 1999 година и имаше за цел на крајот да ги обедини двете земји во една. Проектот „Државна Унија“ пропадна до 2018 година кога Белорусија побара попуст на руската нафта. Кремљ се согласи да ја намали цената во замена за политички отстапки.

Првиот дел од протечениот документ ги прикажува целите на Кремљ во фази: краткорочни (2022 година), среднорочни (2025 година) и долгорочни (2030 година). Вториот дел ги идентификува ризиците поврзани со планот.

Целите на Русија вклучуваат обединување на законодавството, усогласување на надворешната и одбранбената политика на двете земји и обезбедување руска контрола врз политичката, економската, културната и медиумската сфера на Белорусија.

„Содржината (на документот) е во голема мерка конзистентна со она што го знаеме како политички цели на Русија кон Белорусија од 1990-тите“, рече Мартин Краг, заменик директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии.

„Никогаш немало потреба Русија насилно да ја преземе Белорусија“, рече Краг.

Што се однесува до воената стратегија, Русија навидум ги постигна повеќето од целите за 2022 година, кои првенствено се залагаа за проширување на руското воено присуство во Белорусија.

Иако не сакаше да ги ангажира белоруските сили во руската војна против Украина, Лукашенко му даде значителна поддршка на Путин. Руските трупи го нападнаа северот на Украина од белоруска територија на 24 февруари 2022 година. Белоруската територија оттогаш се користи како поле од каде се лансира руското бомбардирање на Украина.

Во 2022 година, во согласност со руските цели, Белорусија произведе резервни делови и услуги за руската армија во вредност од 43,5 милиони долари за да го покрие падот на увозот на Русија поради меѓународните санкции. Сумата се очекува да се зголеми на 62-64 милиони долари во 2023 година.

Русија, исто така, успешно го продолжи договорот за користење на белоруските воени бази без закуп, вклучувајќи го и центарот за комуникација на долги растојанија во Вилеика.

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда...