fbpx

Протече документ од британската влада, Лондон нема план за Брексит, јавува „Би-би-си“

-

Британската влада нема сеопфатен план за излегувањето на земјата од Европската Унија, а поради поделбата што постои во кабинетот, преговарачката стратегија можеби нема да биде усвоена во следните шест месеци, покажува меморандумот кој протече од кабинетот, јавува „Би-би-си“.

Во меморандумот, кој е доставен до „Тајмс“ и во кој „Би-би-си“ има увид, се предупредува дека британската влада работи на 500 проекти поврзани со Брексит и оти веројатно ќе ѝ бидат потребни дополнителни 30.000 вработени.

Сепак, нема заедничка стратегија за излегување од ЕУ, „поради внатрешната поделба во кабинетот“, се наведува во протечениот документ.

Портпаролот на британската влада рече дека тоа не е владин извештај и оти не ја признава содржината на документот, истакнувајќи дека владата е фокусирана на активности во врска со Брексит.

Во протечениот меморандум, кој го составил неименуван консултант и кој датира од 7 ноември, се нагласува дека ќе бидат потребни уште шест месеци за владата да одлучи што сака да постигне со Брексит или да се усогласи во поглед на приоритетите.

Во извештајот, насловен „Нови информации за Брексит“, се критикува премиерката Тереза Меј поради склоноста да „влетува во одлуки и детали за сама да ги реши работите“, наведуваат „Би-би-си“ и „Тајмс“.

„Тајмс“ наведува дека документот на виделина ја изнесува поделбата меѓу министерот за надворешни работи, Борис Џонсон, министерот за Брексит, Дејвид Дејвис, и министерот за меѓународна трговија, Лајам Фокс, од една страна и канцеларот Филип Хамонд и министерот за економија, Грег Кларк, од друга страна.

Британскиот весник известува дека во меморандумот се наведува како секое министерство правело план за евентуалните последици од Брексит, како и план за излегување на крај со „најлошиот случај“.
Премиеркта Меј се надева дека ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, што е почеток на формалниот двогодишен процес за излегување од ЕУ, до крајот на март 2017 година, но „Би-би-си“ тврди дека меморандумот покажува колку Брексит ќе биде „комплексен, тежок и полн со предизвици“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...