Простување партиски долгови, судски предмети и Закон за јавно обвинителство во новата аудио снимка на Мицкоски и Кичеец (аудио)

-

Денеска се појави нова аудио снимка на Јутјуб на профилот со корисничко име „Рекет“, на која се слуша гласот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, осудениот Зоран Милевски – Кичеец и женски глас.

Во разговорот меѓу тројцата се зборува за одредена личност за која Мицкоски вели дека му е многу благодарен бидејќи му помогнал кога тој дошол на чело на партијата. Мицкоски посочува исто така дека сакал да се види со извесната личност нo никако не можеле да договорат средба. Во вториот дел од разговорот тие разговараат за Законот за јавното обвинителство и за предметот кој сè уште не е завршен.

„Ние Зоки се договараме извесен период да се видиме. Не успеавме да се видиме со него. Отворено ќе ти кажам, со избориве почнавме знаете, па јас откажав“, вели Мицкоски подоцна додавајќи „а лично сакам да го видам затоа што ми помогнал, кога требало ми помогнал“.

„Тоа што беше долгот кај сестра му, од претходнициве мои, он, знаеш ти беше присутен на тој разговор кога рече не треба ништо“, вели Мицкоски во разговорот.

Потоа додава деак „пред година и пол кога влегов во партијана немав струја, исклучена кабелска, парно пред исклучување, немав вода и такви како него беа неколкумина што мене ми подадоа рака. И мене тоа многу ми значи“.

Во вториот дел од снимката која трае 90 секунди разговорот се префрла на одреден предмет и Законот за јавно обвинителство.

„Овој закон, ако помине вака како што мислат да помине, за јавно обвинителство тој предмет не е завршен. Напротив. Да знаете. Единствен којшто се бори во моментов сум јас“, вели тој на крајот од разговорот.

Мицкоски брзо излезе со изјава во јавноста дека разговорот меѓу него и Милески е сечен и монтиран. Тој ја потврди автентичноста на разговорот, но рече дека тоа е само еден разговор, а се сечеле и се монтирале парчиња по потреба на СДСМ и на Зоран Заев.

„Јас сум го кажал тоа, дека кога ја презедов ВМРО-ДПМНЕ, пред точно 30 месеци, партијата беше во незавидна финансиска ситуација, со блокиран имот од истата онаа судијка Димишкова, која е сестра на адвокатот Димишков, кој го слушавме како бара 6 милиони евра од познат бизнисмен, за да биде ослободен од притвор. Да, во тој момент имавме сериозни потешкотии, нешто слично претпоставувам како што ќе ја затекнеме државата после 15 јули. Останатиот дел од разговорот сум го коментирал и во минатото, дека мора да има правда и право, но она вистинско, а не онакво какво што им одговара на СДСМ и на Зоран Заев“, изјави Мицкоски за МИА.

Ова е втор аудио материјал објавен на истиот канал на Јутјуб. Во вчерашната снимка, Мицкоски во разговор со Кичеец вели дека се сомнева дека кога одел на средба со бизнисменот Орце Камечев му бил сликан автомобилот, а во тоа време Камчев бил под посебни истражни мерки. Мицкоски ја потврди првата снимка како автентична, но нагласи дека со Кичеец се сретнувал пред да биде отворен случајот „Рекет“.

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското...

Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во...

Израелски воздушни напади врз Сирија, Израел негира дека тенковите одат кон Дамаск

Израелски воени авиони наводно извршиле стотици воздушни напади низ Сирија, вклучително и врз главниот град Дамаск. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека документирала повеќе од 310...

Најнови гејминг вести : Излегоа Path of Exile 2 и Marvel Rivals, во Tekken 8 се враќа познат карактер

Изминатата недела пристигнаа двете популарни и долгоочекувани игри „Path of Exile 2“ и „Marvel Rivals“, a во Tekken 8 се враќа познатиот карактер „Ана Вилијамс“. https://www.youtube.com/watch?v=AOVg2aLjIiU Path of Exile 2 по долго време...

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор...