fbpx

Просторниот проблем на учениците од тетовската гимназија не е решен

-

Советот на родители на учениците од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, кои следат настава на македонски јазик, реагираа што нивните деца и оваа учебна година мораат да ја поминат во објекти, каде нема соодветни услови за настава. Учениците учат во зградите на Основното училиште „Гоце Делчев“ и на Работничкиот универзитет.

– Во овие два објекти нема услови за настава. Нема каде да се стават потребните материјали за работа, нема услови за одржување практична настава, за физичко образование или, пак, за информатика, предмет за кој е потребен компјутер – изјави Перса Наумовска од советот на родители при тетовската гимназија.

Таа додаде дека минатата година учениците учеле со скратени часови затоа што немало доволно училници за да се спроведе докрај наставата, со оглед на тоа што во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ просторот го делат со основците од ова училиште.

И покрај одолжувањето на решавањето на просторниот проблем на дел од тетовските гимназијалци, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, и оваа учебна година уверува дека проблемот ќе биде надминат.

– Во контакт сме со Владата, да се реализира проектот за изградба на нов објект во дворот на тетовската гимназија. Се надеваме дека Министерството за образование ќе има слух, за со негова помош да се реши овој проблем – изјави градоначалничката Арифи.

Учениците Македонци, наставата во објектите на Работничкиот универзитет и на училиштето „Гоце Делчев“ ја следат откако на крајот од минатата година, во дворот на старото медицинско училиште каде учеа учениците 10 години, за време на големиот одмор, беше нападнат нивен соученик. Поради безбедносни причини, но и лошите услови за настава, учениците беа префрлени во овие два објекти, каде, исто така, се соочуваат со просторни проблеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...