fbpx

Проштална средба Заев – Суомалаинен

-

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со Нина Суомалаинен, амбасадорката на ОБСЕ во Македонија, чиј мандат завршува.

„Заеднички е заклучокот дека реформите и добрососедските политики со пријателски и конструктивен дух се голем придонес во напредокот на државата и дека овој позитивен моментум треба да се искористи за понатамошни исчекори“, соопштија од Владата.

Заев на средбата истакнал дека реформите во изборното законодавство се прават согласно забелешките во извештаите на ОБСЕ, како и дека реформите во медиумите се во насока на отворање простор за истражувачкото новинарство, за јасен критицизам и за слобода на говор. Премиерот истакнал и дека се работи и на реформи на професионализација на јавната администрација и на градење капацитети на институциите согласно потребите на граѓаните.

– Очекувам позитивен период за Република Македонија, датум за почеток на преговори со ЕУ и покана за членство во НАТО – рекол Заев на средбата.

Амбасадорката  на ОБСЕ истакнала дека организацијата останува поддржувач на демократските процеси во нашата држава и отворена за сите експертски потреби на земјата и граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...