fbpx

Проштална средба на министерката Петровска со амбасадорката на Обединетото Кралство, Галовеј

-

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Министерство за одбрана оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, по повод завршувањето на мандатот амбасадорка во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за одбрана.

Министерката Петровска изрази голема благодарност до амбасадорката Галовеј за нејзиното лично залагање и несебичната поддршка за нашата земја во процесот на интеграцијата во НАТО и Европската Унија и особено за нејзиното залагање за развој на армиските капацитети. Таа потенцира дека средствата и опремата кои беа донирани од страна на Обединетото Кралство особено во поглед на опремување на Лесната пешадиска баталјонска група и единицата за АБХО, советодавната улога во насока на подобрување на оперативните способности на Армијата и процесот на трансформација, но и за школувањето, заедничкиот тренинг, развојот на декларираните НАТО единици, развојот на родовата перспектива, се дел од вкупната соработка со Обединетото Кралство и затоа Република Северна Македонија Ви е благодарна.

Петровска и Галовеј го истакнаа значењето на досегашната интензивна соработката на двете земји во областа на одбраната и изразија обострано задоволство за постигнатото во изминатиот период и посочија дека оваа соработка ќе продолжи со ист интензитет.

Амбасадорката Галовеј посочи дека Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува нашата Армија преку обуки, заеднички вежбовни активности, како и школувањата во високите одбранбени школи. Како пример ја посочи вежбата „Брз одговор – 22“ каде на дело се покажаа како сојузниците заедно функционираат односно се покажаа заедничките способности на армиите и нивната интероперабилност која се градеше во изминатиов период.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Шега на Пендаровски на митинг во Делчево претставена како закана

Не станува збор за никаква закана на Пендаровски упатена до граѓаните на Делчево, како што тоа сака да го прикаже објавата што се споделува на Фејсбук. На видеото од митингот во...