Просечната плата во јули изнесувала 25.104 денари

-

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари и е зголемена за 4,3 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна нето-плата по вработен во дејностите на здравствена и социјална заштита за 10,6 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 9,8 отсто и транспорт и складирање за 7,4 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во дејностите во врска со недвижен имот за 2,1 отсто, јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување за 1,9 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 1,9 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули изнесува 37.268 денари.

Дезинформација за бројот на малолетници загинати во пожарот во Кочани

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на новинарите во сите редакции им испрати табела со бројот на загинати по возраст. Од неа произлегува дека загинале 3 лица на возраст од 16...

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвени “ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во последните недели...

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Откако вчера на социјалните мрежи стана вирално видео на кое маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“, веднаш беше приведен. Додека се чека официјално соопштение од...

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Пишува: Теофил Блажевски   СДСМ и ДУИ во последните два дена излегоа со ставови во јавноста во врска со истрагата за трагедијата во Кочани во кои има сличности во настапот, но и разлики. Ваквата...

Дезинформација за бројот на малолетници загинати во пожарот во Кочани

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на новинарите во сите редакции им испрати табела со бројот на загинати по возраст. Од неа произлегува дека загинале 3 лица на возраст...