Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2020 година, изнесува 27.540 денари, или 447 евра, објави Државниот завод за статистика, ДЗС. Според податоците, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, изнесува 112,3, односно просечната нето плата во јануари годинава е за 12,3 отсто повисока од онаа исплатена во истиот месец минатата година.

Ваквото зголемување, според ДЗС, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување, за 24,7 отсто, уметност, забава и рекреација за 18,1 отсто и транспорт и складирање за 16,4 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, декември 2019 година, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување, за 16,6 отсто, транспорт и складирање за 12,9 отсто и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 9 отсто.