fbpx

Просечната плата изнесува 21.882 денари

-

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август годинава изнесува 21.882 денари. Индексот во август 2015 година во однос на август минатата година, изнесува 103.1, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (11,9 проценти), рударство и вадење на камен (7,8 проценти) и стручни, научни и технички дејности (7,6 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите стручни, научни и технички дејности (8,3 проценти), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5,2 проценти) и информации и комуникации (4,4 проценти).

Во август 2015 година, 1,2 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...