fbpx

Просечната оцена од екстерното тестирање е 3,26

-

Просечната оцена од екстерното тестрање е 3,26, а учениците ќе можат да поднесуваат приговори до училишната комисија од утре, 26 јуни, па сè до 30 јуни, кога ќе имаат право на увид во тестот, соопшти Државниот испитен центар.

Минатата година просечната оцена на постигнување беше 3,6.

Најдобри постигнувања на екстерното тестирање имаат општините Центар, со резултат 4,59, Вевчани, со 4,58, Аеродром, со 4,44, Карпош, со 4,40, и Кисела Вода, со 4,26.

Врз основа на обработените податоци за деветтоодделенците, просечната оцена за нив е 3,04. За резултатите на деветтоодделенците пристигнаа вкупно 223 приговори, од кои 51 се прифатени, 144 одбиени, а 28 се делумно прифатени (кога ученикот приговарал на пет прашања, а прифатени за корекција му се две прашања).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...