fbpx

Просечната нето-плата во септември изнесувала 25.435 денари

-

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 25.435, а бруто-платата 37.797 денари, објави Државниот завод за статистика.

Просечната нето-плата во септември е зголемена за 4,4 проценти во однос на истиот месец лани.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите транспорт и складирање (8,8 проценти), административни и помошни услужни дејности (7,9 проценти) и дејности на здравствена и социјална заштита (7,3 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување (5 проценти), образование (3 проценти) и преработувачка индустрија (1,9 проценти).

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...