fbpx

Просечната нето-плата во ноември изнесувала 25.787 денари

-

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 25.787 денари и во однос на истиот месец 2018 година е зголемена за 5,1 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2019 година пак изнесувала 38.319 денари и е зголемена за 6,4 проценти во однос на 2018 година.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите транспорт и складирање (9,5 проценти), преработувачка индустрија (8,9 проценти) и дејности на здравствена и социјална заштита (8,2 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите административни и помошни услужни дејности (3,8 проценти), стручни, научни и технички дејности (2,1 проценти) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (1,6 проценти).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...