fbpx

Просечната нето-плата во мај изнесувала 22.324 денари

-

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2016 годинава, изнесува 22.324 денари и во однос на истиот месец лани е повисока за 1,1 процент, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите градежништво (8,7 проценти), административни и помошни услужни дејности (7,6 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (5,7 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај годинава изнесува 32.776 денари, што е за 1,2 отсто повисока од претходниот месец.

Во мај, 1,5 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...