fbpx

Просечната нето-плата во август изнесувала 27.535 денари

-

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2020 година изнесувала 27.535 денари, а бруто-платата изнесувала 41.070 денари, соопштија од Државен завод за статистика.

Просечната плата во август 2020 година била за 9,6 проценти повисока во однос од истиот месец лани.

Ваквото зголемување на просечната плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (20,4 проценти), Земјоделство, шумарство и рибарство (16,9 проценти) и Дејности на здравствена и социјална заштита (13,2 проценти).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...