fbpx

Просечната нето-плата во август изнесувала 25.127 денари

-

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2019 година изнесува ла 25.127 денари, а бруто-платата 37.322 денари, објави Државниот завод за статистика.

Просечната нето-плата во август се зголемила за 3,8 проценти во однос на истиот месец лани.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Дејности на здравствена и социјална заштита (10,9 проценти), Транспорт и складирање (7,3 проценти) и Информации и комуникации (5,8 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Информации и комуникации (4,7 проценти), Уметност, забава и рекреација (3,5 проценти) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2,3 проценти).

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...