Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули 2025 година изнесувала 4,91 отсто, што е намалување од 0,12 п.п (процентни поени) на месечно и 0,55 п.п. на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Кај депозитите пак се забележува дека просечната каматна стапка на вкупните депозити се искачила на 2,21 отсто, со раст од 0,01 п.п. на месечно и 0,28 п.п. на годишно ниво.

Во корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули изнесувала 4,54 отсто, со пад од 0,08 п.п. во споредба со јуни и 0,69 п.п. во однос на јули 2024 година. Каматната стапка на новоодобрени кредити за фирмите била 4,22 отсто, со пад од 0,06 п.п. на месечно и 0,74 п.п. на годишно ниво.

Кај депозитите на корпоративниот сектор, просечната каматна стапка достигнала 2,66 отсто, што претставува раст од 0,10 п.п. во однос на претходниот месец и 0,38 п.п. на годишно ниво.

Каматната стапка на новоодобрени кредити за домаќинствата во јули изнесувала 4,67 отсто, што е намалување од 0,02 п.п. во однос на јуни и 0,67 п.п. на годишна основа.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата останала 2,15 отсто, непроменета во однос на јуни, но повисока за 0,26 п.п. во споредба со истиот месец лани. Новопримените депозити на домаќинствата биле со камата од 2,33 отсто, непроменета месечно, но пониска за 0,35 п.п. на годишно ниво.