fbpx

Просечната исплатена нето-плата во февруари изнесувала 24.192 денари

-

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари изнесувала 24.192 денари, а бруто-платата 35.901 денар објави Државниот завод за статистика.

Во февруари годинава има зголемување од 4,5 проценти во однос на истиот месец лани.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности на здравствена и социјална заштита (11,6  проценти), транспорт и складирање (10 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (8,5 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење на камен (10,3 проценти), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (10 проценти) и транспорт и складирање (шест проценти).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...